Драги пријатели,

 

И оваа година продолжуваме со традицијата!!! На 31 мај и 1 јуни, Скопје повторно ќе биде  центарот на HR случувањата во регионот и пошироко!!! По 9ти пат  МАЧР ја  организира Интернационалната HR Конференција во Македонија, оваа година во соработка со Вработување.ком!

 

Со темата на Конференцијата „Најдобрите HR решенија за соочување со предизвиците во  брзорастечите индустрии” целта е да се биде во тек со најжешките HR теми кои ги засегаат подеднакво и менаџерите за човечки ресурси и генералните менаџери на компании кои имаат брзорастечки бизниси, отворен менаџмент пристап и потреба да се секогаш во тек со напредни техники и решенија!

 

Брзорастечките бизниси се соочуваат со низа предизвици!

Со растењето на бизнисот, условите на работањето  се менуваат и одвнатре и однадвор! Различни проблеми и  можности  бараат примена на креативни и иновативни решенија! Она што  функционирало пред  една година, можеби не е веќе  најдобриот пристап! Препознавање и надминување на вообичаените грешки поврзани со растот, е од суштинско значење, за вашиот бизнис да продолжи да расте и да напредува.

Вработените во компанијата се клучен фактор од кој зависи  успешноста на  бизнисот. Додека  генералните менаџери и HR менаџерите  се одговорни при спроведувањето на техниките во менаџментот со човечкиот потенцијал, воспоставување  на ефективно лидерство, насочувањето и ангажирањето на  вработените, но и наоѓање,  задржување и мотивирање на најдобрите луѓето кои ја прават разликата!

 

На дводневната богата програма ќе бидат споделени последните светски трендови во областа, реални искуства од пракса, успешни лични и организациски приказни од страна на главните  HR менаџери на  големи мултинационални  компании, како и искусни консултанти, коучи и професори од Франција, Италија, Словенија, Грција, Англија, Хрватска, Турција, Бугарија и др…

 

Овој настан е наменет за: извршни директори, менаџери, HR професионалци, HR специјалисти, линиски менаџери, тренери, консултанти од јавниот, приватниот и невладиниот сектор и студентите. Учесниците ќе имаат можност да ги споделат своите идеи и да се поврзат со луѓето и менаџерите од нивниот домен на работа!

На 31 Мај и 1 Јуни 2017 година, Хотел Александар Палас, Скопје е местото каде треба да дојдете за да бидете дел од најголемата мрежа на HR менаџери и останати професионалци во регионот!

Ексклузивно, во рамки на настанот вклучено е HR Експо како и специјална гала вечер со коктел и забавна програма за доделување на наградата Најдобар HR Менаџер за 2016 година!

 

Ве очекуваме!

Христина Лозаноска

photo

50+ регистрирани до сега

Слушнете ги експертите,бидете инволвирани

Направете Резервација!