ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА ЗА HR МЕНАЏЕР НА 2016 ГОДИНА!

Македонската асоцијација за човечки ресурси (www.mhra.mk) по трет пат ја додели наградата HR менаџер на годината! Овој пат за 2016 година наградата заслужно ја доби м-р Стефан Јовановски, директор за човечки ресурси во компанијата оне.Вип.
Годинава, доделувањето на наградата се одржа на посебен специјален настан во присуство на повеќе од 150 гости, претставници на академската и бизнис заедницата во рамки на одржаната 9та интернационална конференција за човечки ресурси, на која наградата му беше врачена од страна на претседателката на Македонската асоцијација за човечки ресурси, Христина Лозаноска. За доделувањето на наградата, одлучуваше Комисија составена од еминентни личности од професијата менаџмент со човечки ресурси, членови на МАЧР, а согласно пропишани и јавно објавени критериуми за избор.
Г. Јовановски кој е професионалец со 20 годишно искуство во HR окружувањето во телекомуникацискиот сектор, при градењето на својата кариера, се соочува со низа предизвици со стартапи, спојувања и аквизиции, особено минатите години откако стапи правното спојување на трите компании (ОНЕ, ВИП и Близу) и нивните професионални кадри. Период со голема динамика на активности пропратен со постојани промени на околностите под кои се води бизнисот и неколку промени на сопственичката структура. Менаџерската улога и придонес на Стефан, особено минатата 2016 година, се согледува кога компанијата се соочуваше со спојување на три компании, кога владееше неизвесна атмосфера, тој успеа да го одржи стабилен својот сектор, да ги задржи квалитетните работници, да одржи работна атмосфера и мотивирачка работна средина.

Му честитаме на наградата и посакуваме да продолжи по истиот пат!!!!

“Голема чест, но уште поголема одговорност е да се носи титулата најдобар менаџер за човечки ресурси особено пред моите илјада колеги за кои безрезервно тврдам дека се едни од најдобрите на пазарот на труд во Македонија. Без нив и особено моите колеги во одделот немаше да успееме во моментите кога навистина притисокот беше голем и да продолжиме со квалитетна работа на телекомуникацискиот пазар во што и успеавме. Продолжуваме да го следиме чекорот со трендовите и да ги применуваме најсовремените алатки за управување со човечки ресурси во нашата компанија.”, изјави Стефан Јовановски.
Македонската асоцијација за човечки ресурси ја воведе наградата “HR менаџер на годината” со цел да се препознае, признае, промовира и да се награди успехот на најпосветениот професионалец во професијата управување со човечките ресурси. Оваа година, огласот повторно ќе биде отворен за номинации за сите заинтересирани кандидати!
Покрај оваа награда, беше доделено уште едно вредно признание од страна на сопственикот на Вработување.ком г. Дарко Велков, кое го доби компанијата Џонсон Мети за најпосетуван огласувач на ектронскиот портал Vrabotuvanje.com, во минатата 2016 година. Согласно информациите од софистицитраниот софтвер за бизнис интелигенција со кој располага Vrabotuvanje.com, наградениот оглас имал над 290 000 посети. Наградата ја прими Дејан Тодоровски од Џонсон Мети.
Галеријата на фотографии од гала вечерта може да се видат овде: http://bit.ly/2tgJIHj