Драги членови, соработници и пријатели на Македонската асоцијација за човечки ресурси,

имам посебно задоволство да ви го најавам 12-тото издание на Меѓународната MHRA конференција и HR Експо! Посветени на традицијата и оваа година како и минатата одлучивме да го задржиме датумот 20 мај, кој од минатата година се празнува како Интернационален HR ден, односно ден на кој се оддава сеопшто признание на HR професијата и HR професионалците за нивните придонес и заслуги во  напредокот и развојот на организациите, на вработените и на целото општество. Но, оваа година сакаме да иницираме и многу разговори и идеи за промени кои ќе водат кон напредок на македонското стопанство и општеството во целина.

 

Тргнувајќи од тоа дека развојот на луѓето ја има моќта да го револуционизира начинот на работењето, задачата на менаџерите со човечки ресурси е да ја преземат улогата на лидери во дизајнирањето на начинот на работа во организациите, за да бидат во чекор со предизвиците што ги носи иднината. Во насока на поттикнување на проактивноста и агилноста кај професионалците за човечки ресурси, за овогодинешната меѓународна HR конференција ја одбравме темата “Future-fit organizations: Proactive HR”. Актуелноста и исклучителната важност на темата поттикна повеќе светски докажани и искусни професионалци, креатори на трендови, универзитетски професори и експерти да го дадат својот придонес на 12 HR Конференција, грижејќи се за потврда на исклучителното значење и за квалитетот на настанот.

 

Како и во минатата година, нашите учесници и гости ќе имаат извонредна можност да уживаат во богатата програма на конференцијата, која ќе се одржи во отмениот простор на хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје. Покрај конференцијата, тие ќе имаат можност да се запознаат со нашите ценети спонзори, партнери и соработници и да дознаат повеќе за HR- услугите коиштo ги нудат учесниците на годинешното HR Expo.

 

Вечерта ни е повторно резервирана за HR награди. Оваа година, МАЧР го проширува обемот со две нови категории на награди, стремејќи се кон уважување и препознавање на  професионалците и нивната дејност, во знак на развивање и промовирање на HR професијата. Покрај наградата за HR менаџер на годината, во конкуренција се и наградите за најдобра HR практика во 2019 година и за најуспешен млад HR ентузијаст.

 

Ќе ни претставува големо задоволство да Ве имаме како учесници на настанот и со Вашето присуство да го збогатите овој единствен настан од ваков вид кај нас. Тимот и соработниците кои учествуваат во организацијата на конференцијата, поддржани од нашите спонзори и покровители, ќе се потрудиме да подготвиме незаборавно искуство и да ги надминеме Вашите очекувања!

 

Претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси,

 

Дарко Петровски

50+ регистрирани до сега

Слушнете ги експертите,бидете инволвирани

Направете Резервација!