Драги пријатели,

 

На наше големо задоволство Македонската асоцијација за човечки ресурси ја организирa 10-та Јубилејна меѓународна конференција за човечки ресурси во Македонија, на 31 мај 2018 во хотелот Александар Палас, во Скопје.  Бележиме десет успешни конференции и толку години посветена работа и залагања за подигнување на значењето на професијата управување со човечките ресурси, и унапредување на нејзиниот статус во нашата земја.

 

Изборот на темата From HR to RH – Respect for Humanity” (Од менаџмент со човечки ресурси – до почит кон луѓето) произлезе на заедничка средба со колегите од Управниот и Надзорниот одбор на МАЧР, со цел во фокусот на јубилејната конференција да ја поставиме основната потреба, но и највисока цел на цивилизираниот свет, а тоа е почитта кон луѓето, поддршка на нивниот развој и признание за нивната непроценлива важност за организациите. Професијата управување со човечките ресурси како значајна функција на менаџментот на компаниите и организациите, потребно е да се користи за подигнување на квалитетот на животот на луѓето, особено во професионалниот дел, со воспоставување на соодветни стратегии, достоинствени услови за работа, еднакви можности за развој и напредок на луѓето, што самото по себе ќе придонесе кон позитивен развој на компаниите и општеството.

 

Ќе биде понудена богата програма, со учество на истакнати говорници од странство, меѓу кои главните HR менаџери од мултинационални  компании, како и искусни консултанти, коучи и професори од Италија, Словенија, Грција, Португалија, Австрија, Унгарија итн. кои ќе ги споделат своите искуства и визии во оваа областа и ќе го презентираат своето стручно знаење, своите иновативни идеи, како и препораки (мотивирање, поттикнување на иновации, одржливост, управување со таленти, коучинг, лично брендирање, важноста на човечкиот фактор при интернационализација на компаниите итн.) кои што присутните менаџери и професионалци ќе можат да ги имплементираат за унапредување на организацијата во која што работат.

 

Очекуваме голем број посетители пред сѐ од редот на извршните менаџери, HR професионалци, како и студенти и други менаџери и професионалци, од јавниот, приватниот и невладиниот сектор, кои инвестираат во себе, со цел да бидат во тек со новините поврзани со развојот на човечкиот капитал и организациите. Учесниците ќе имаат исклучителна можност да се поврзат со луѓето и менаџерите од нивниот домен на работа и да остварат вредни познанства! Особено сме горди што настанот се повеќе добива регионалено значење, такашто и оваа година се најавени гости од соседните земји.

И оваа година ја продолжуваме соработката со Вработување.ком (www.vrabotuvanje.com.mk) која минатата година додаде вредност за нивото на организација на настанот.

Ексклузивно, во рамки на настанот вклучено е HR Експо, како и постконференциска забава за доделување на наградата Најдобар HR Менаџер за 2017 година!

 

Ве очекуваме!

Христина Лозаноска

Претседател

Македонска асоцијација за човечки ресурси

photo

10th MHRA International HR Conference 2018

Nikos Lambridis

Nikos Lambridis

Lecturer & Certified Trainer and Coach for top Management Executives The University of Sheffield International Faculty, City College (Greece)

Јulio Gonzalez

Јulio Gonzalez

International HR Senior Consultant JGHR Consulting (an exclusive provider of Mercer Italia) (Italy)

Tamara Valencic

Tamara Valencic

Chief Talent officer, Independent HRM Consultant and Strategic Advisor to the Board & HR manager of the Year 2014, D.Labs (Slovenia)

Peter Mogyorosi

Peter Mogyorosi

CEO / Coach for startup organizations, External consultant and expert in innovation management, commercialization and exploitation LC Innoconsult (Hungary)

Nelson Emilio

Nelson Emilio

Managing Partner, Personal Brander & Leadership Strategist Singularis Human Consulting (Portugal)

Nada Zupan

Nada Zupan

Professor & Researcher The Faculty of Economics, University of Ljubljana, (Slovenia)

Martin Laschkolnig

Martin Laschkolnig

Motivational speaker / Authorized trainer by Jack Canfield (Austria)

AGENDA

31MAY 2018
#SessionSpeaker(s)TimeVenue
1Registration/ 08:30-09:00All participants
2OpeningHristina Lozanoska / Darko Velkov 09:30-10:00Macedonian HR Association, President / Vrabotuvanje.com, Director
3PEOPLE SIDE AND INTERNATIONALIZATION. Mergers, Acquisitions, Integration and more….Јulio Gonzalez 10:00-10:30JGHR Consulting (an exclusive provider of Mercer Italia), International HR Senior Consultant (Italy)
4The power of ONE! Leveraging Personal Branding in a Corporate WorldNelson Emilio 10:30–11:00Singularis Human Consulting, Managing Partner/ Personal Brander & Leadership Strategist (Portugal)
5Q & AJulio Gonzalez & Nelson Emilio 11:00-11:15All participants
6Coffee, Networking & HR Expo time/ 11:15-11:45All participants
7Talent management in small and flexible IT worldTamara Valencic 11:45-12:15D.Labs, Chief Talent officer/ Independent HRM Consultant and Strategic Advisor to the Board/ HR manager of the Year 2014 (Slovenia)
8HR and InnovationPeter Mogyorosi 12:15-12:45LC Innoconsult, CEO/ Coach for startup organizations/ External consultant and expert in innovation management, commercialization and exploitation (Hungary)
9Q & ATamara Valenčič & Dr. Péter Mogyorósi 12:45-13:00All participants
10Cocktail, Networking & HR Expo time/ 13:00-14:30All participants
11HR and SustainabilityNada Zupan 14:30-15:00Faculty of Economics, University of Ljubljana, Professor & Researcher (Slovenia)
12Respect and Nurture Human Nature in BusinessNikos Lambridis 15:00–15:30The University of Sheffield International Faculty, City College, Professor & Certified Trainer and Coach for top Management Executives (Greece)
13Respect for Humanity - the Key to Corporate SuccessMartin Laschkolnig 15:30–16:00Institute for the developing of potential Motivational speaker/ Founder and Director/ Authorized trainer by Jack Canfield (Austria)
14Q & ANada Zupan, Nikos Lambridis & Martin Laschkolnig 16:00–16:15All participants
15Wrap-up of the Conference dayDarko Petrovski 16:15–16:30Macedonian HR Association, Secretary general
16Bestow of HR Awards: 1. HR Manager of the Year 2017 2. Most Visited Advertiser for 2017 on Vrabotuvanje.com.mk / 21:00–00:00All participants

Спонзори

Media partner